Motherhood

Кога е дозволено родителите да ги лажат децата?

Многу родители во некои тешки животни ситуации ги лажат своите деца бидејќи немаат сила да објаснуваат или едноставно не сакаат да ги вознемируваат.

Во секојдневните ситуации кога сакаат децата да направат некоја работа, повторно лажат за да ги избегнат кавгите. Некои од тие лаги се оправдани, а некои не. Како да го разликувате тоа?

Психологот Пеги Декслер, се обидела да им помогне на родителите и да им објасни кога е во ред да лажат и да си го олеснат животот себе и на целото семејство. Испитувањето покажува дека 84 % од родителите ги лажат децата за подобро да се однесуваат и им ветуваат работи кои никогаш нема да ги остварат. Добар пример е кога ќе му кажете на детето дека ќе го оставите само во продавницата ако веднаш не дојде со вас. Исто така родителите лажат за тоа што има во нивниот оброк, ако знаат дека детето пример не сака моркови, или зошто не отишле на некој роденден, или ги кријат причините за развод. Повеќето од нив мислат дека не е важно дали лажат или не, но во одредени ситуации треба да ја кажат вистинската причина.

Освен тоа, вистината е доста важна за квалитетен однос помеѓу децата и родителите. Лажењето може само за момент да ја олесне непогодната ситуација, но го спречува поврзувањето со детето.

Да го научите детето за сѐ она што го очекува во животот е многу тешко, особено кога се работи за теми како што е смртта, сексот и сл. Сепак на тој начин се гради добар однос меѓу членовите на семејството, а на детето му помага да созрее во вистинска личност.

Дозволените лаги се оние кои ги штитат децата од повредување или оние кои ќе ги задржат во нивниот невин детски свет. Сосема оправдано е на четиригодишно дете да му кажете дека Дедо Мраз постои.

Ако се плашите како детето ќе реагира на некоја вистина, не заборавајте дека во зависност од нивната возраст, можат да се справат со одредени работи секако со ваша помош. Децата брзо откриват кога нивните родители имаат некои проблеми, а ако ги исклучите и не им кажете ништо, ќе помислат дека можеби тие се виновни. Понекогаш не е потребно да ги споделите сите детали со вашето дете, но можете да споделите во одредена мера.

Постои само еден начин да дознаете дали детето е подготвено да ја дознае вистината – кажете ја. Разговарајте полека и повлечете се ако мислите дека е неопходно. Бидете искрени колку што можете, за детето да се чувствува сигурно и да знае како тоа би влијаело на неговиот живот. Како лажењето така и кажувањето на вистината со време станува се полесно и полесно.

Write A Comment