Motherhood

Молитва на секој родител: Благодарам за секој нов ден кој го поминувам со децата

Никогаш не сакала да се испроба во родителска улога, а сега е мајка на две мали деца… Прочитајте го прекрасниот текст на писателката Тони Хамер за најзината подготвеност да се промени поради нејзините деца.

На својот блог за мајчинство Тони Хамер пишува за желбата за промени на кои нејзините деца секојдневно ја мотивираат. При тоа, ниту во еден момент не ја изгубила својата шарматна смисла за хумор и ова е само една од нејзините прекрасни приказни…

“Мили боже,

Ти благодарам за секој нов ден кој го поминувам со моите деца. Тие се вистински благослов, многу сум среќна што ги имам.

До овој момент, ниту еден ден, не сум им викнала на нив. Ниту пак лошо сум ги погледнала, ниту сум превртувла со очите, ниту еднаш не сум погледнала во часовникот за да видам дали им е време да ги однесам на спиење. Никогаш не сум им кажала некој лош збор, ниту сум пробала на моето двегодишно дете да му објаснувам зашто не е убаво да чука по мојот лаптоп пробувајќи да работи како мене. Толку многу сум трпелива, нежна, полна со љубов.

Ти благодарам што денес децата така убаво се согласуваат. Тие ниту еднаш до сега не се степале. Тие се мирни, тивки и речиси сосема спокојни. Ниту еднаш директно не ми се спротивставиле, ниту се удриле едно со друго, ниту се гризнале, ниту се мачеле. Синот досега ниту еднаш не и ја срушил кулата од коцки која мојата ќерка ја градела, а она не му ја украла шољата со млеко иако во неа имало повеќе млеко. Само нежни зборови и за мене и за нив… о, каква е тоа радост!

Но наскоро, боже, јас ќе станам од креветот и сето тоа ќе се промени.

Те молам, дај ми сила да видам јасно пред себе додека не го испијам првото кафе, и дај ми храброст да отидам до кај децата во нивната соба и дај ми дознаење дека еден ден ќе ми недостасуваат вакви денови.

Write A Comment