Ветерот и студот се погубни за нашите усни, кои стануваат испукани и груби, па нанесувањето кармин на нив претставува „невозможна мисија“.
За супербрзо и ефикасно решение потребни ви се само две состојки:
1. кафен шеќер;
2. мед.
Направете си го овој природен, брз и ефикасен пилинг, така што ќе измешате лажица мед со лажица кафен шеќер. Добиената смеса нанесете ја на усните со помош на мека четка или со стапче за уши и нежно тријте ги додека се растопи шеќерот.
