Најубавата карактеристика на венчавките е нејзината величествена приватност која се споделува со саканите и блиските. Но, еден од најпрекрасните моменти од венчавките и од судбоносното Да, е онаа последна ноќ на невестата кога заедно со своите деверици , излегува последен пат пред да стапи во брак. Секако, оваа ноќ е посебна, а стајлингот исто така е посветен и адаптиран за оваа свеченост.
Во оваа галерија ви претставуваме неколку решенија, на најубави фустани за девериците, кои се карактеризираат со елеганција и гламур, од перфектни нијанси и бои, до најнови трендовски дизајни. Можете да се инспирирате и да бидете и вие така неодоливи како и нашите избранички…












