Мода

Костими за капење кои ќе владеат со плажите во 2016-та

Познатите шоубиз личности веќе се луди за дводелните костими за капење кои ќе бидат вистински хит на плажите ова лето.

Инстаграм профилите на девојките кои ги следат модните трендови уште од минатото лето се преполни со типични летни фотографии, а она што им е заедничко се дводелните костими за капење од брендот „Same Swimwear“.

Имено, трендот во рекордно време се проширил на Инстаграм затоа што зад овој дводелен костим за капење стои ѕвездата на Инстаграм, Шеа Мари чиј профил на социјалната мрежа има речиси милион следбеници.

Но не е само Шеа одговорна за нивната попуалрност туку и симпатичниот дизјан кој потсетува на ретро дводелен костим за капење каков што носеле девојките во 1960-тите и 1970-тите години.

Во бел дводелен „Same Swimswear“ костим за капење летото во монденското одморалиште Сент Бартс го помина и манекеката Кендал Џенер кој со својата фотографија на Инстаграм уште повеќе го популаризирала.

Write A Comment