Секојдневно ставате крем на своето лице, наутро или навечер, и веројатно никогаш не сте се посомневале дека можеби начинот на кој го нанесувате кремот со вообичаените покрети е скроз погрешен!
Многумина кремот го нанесуваат на лицето така што го размачкуваат. Меѓутоа, тоа е суштинска грешка. За подобар ефект, кремот треба да се тапка на лицето, особено на поедини делови од лицето.

Тапкањето е понежно зошто не ја повлекува и не ја растегнува кожата како кога со прстите ја размачкувате. Оваа техника е особено препорачлива за пределот околу очите заради ситните бори. Освен тоа со тапкањето потешко ќе го пореметите лимфниот состав. Со тапкање, кремот порамномерно ќе го распоредите и тој полесно ќе продре во кожата.

