Кога размислувате за тоа како би можел да изгледа најубавиот хотел во светот, сигурно мислите на раскошна градба на некој тропски остров. Меѓутоа, и покрај фактот што „Umaid Bhawan Palace“ во Раџастан, Индија, нема плажа какво што повеќето би очекувале, сепак, беше прогласен за најдобриот хотел во светот, од страна на посетителите на Tripadvisor.
Станува збор за палата со 64 луксузни соби, и неколку спа базени. Трпезариите се уредени на тој начин што секој гостин ќе има чувство дека е дел од некое кралско семејство. Тие можат да се шетаат и низ раскошните градини, да возат скапи автомобили, или да се релаксираат во елитните барови.
Цената? Вистинска „ситница“. Просекот изнесува околу 734 долари од вечер, но доколку го посетите хотелот надвор од сезона, можете да најдете ноќевање и за 390 долари.
Според коментарите, посетителите се дочекуваат како да се султани, со труби, тапани и шампањ, такашто вложените пари веројатно се исплатат.













