Sweet Home

Кога 20 m² изгледаат попримамливо од голема луксузна куќа

После 20 години поминати во сноуборд натпреварите, освоени стотици награди и многу пари, Мајк Басич одлучил да направи голема промена во својот живот. Имено, тој сфатил дека животот во голема куќа и скапиот автомобил не го исполнуваат, ниту пак луѓето кои не се грижат за неговите соништа и спонзорите кои немаат никаква допирна точка со работите кои тој ги почитува.

Така, љубовта кон природата го поттикнала во целост да се откаже од брзото темпо на живеење, и да се изолира на мирно планинско место, градејќи удобна, мала и рачно изработена колиба. Иако ентериерот навидум е минијатурен (20 метри квадратни) и скромно уреден, сепак, е мало парче рај кое во комбинација со природата носи вистинско душевно богатство. Мајк потрошил цели 5 години за со помош на неговите пријатели да го уреди во целост местото кое денес претставува негов дом, а се наоѓа во близина на градот Траки, Калифорнија.

Храброста да се отскокне од начинот на живеење кој го наметнува мнозинството и да се тргне кон остварувањето на сопствениот сон, била клучна точка која го променила животот на Мајк, и вистинска инспирација за сите оние кои копнеат кон истото.

Write A Comment