Сигурни сме дека некаде во ормарот имате стара блуза или џемпер кој во изминатите две (илиповеќе години воопшто го немате облечено. Реалноста е дека нема ниту да го облечете. Наместо да ви зафаќа залудно простор, или едноставно да го фрлите, пробајте да му најдете поинаква намена. Денеска ви покажуваме како во некоку чекори можете да ја претворите старата блуза (џемпер) во здолниште.
Чекор 1:
Исечете ги ракавите и пределот околу вратот. Можете да се послужите со некое друго здолниште за да ги имате точните мерки.

Чекор 2:
Секако, потребни ви се две парчиња како би имале предна и задна страна. Потребни ви се и две парчиња памучен материјал за постава на здолништето.

Чекор 3:
Соединете ги горните рабови од џемперот и материјалот предвиден за постава и сошиете ги. Следете го праведот и надолу се додека не дојдете до долните рабови. На овој начин ќе го формирате здолништето.

Следниот чекор е посветен на ластикот кој има клучна улога во крајниот резултат. Потребно е да го задржи здолништето на вашиот струк или колкови, па така потрудете се да ја најдете правилната мерка за вас, и споете ги неговите краеви.

Чекор 5:
Потоа наместете го ластикот на внатрешната страна и сошијте го заедно со џемперот и поставата, така што сите три слоја се соединети.

Испеглајте ја и уживајте во вашето ново парче облека!

Изгледа фантастично, нели?

