Мојата кујна

Направете вкусни Орео бомбици без печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 16 – 18 бомбици потребно ви е:

300g бело чоколадо

30 Орео колачиња

100g крем сирење

4 Орео колачиња за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач.

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

Write A Comment