Мојата кујна

Tопчиња од нутела

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250гр исецкано темно чоколадо

* 120мл слатка павлака

* 2 лажици (30гр) истопен путер

* 120гр нутела

* шеќер во прав

* сецкани лешници

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ставете го чоколадото во сад и оставете го на страна.
  • Во мало тенџерче, додадете ја слатката павлака и путерот и оставете ја смесата на оган додека не стане врела ( не смее да зоврие).
  • Кремот полиете го врз чоколадото и оставете да отстои една минута.
  •  Мешајте додека смесата стане густа.
  • Додадете ја и нутелата, па смесата ставете ја во плех и покриете ја со прозирна фолија.
  • Ставете ја во фрижидер да отстои околу 2 часа, за да се стврдне.
  • Со помош на две лажици направете мали топчиња и тркалајте ги во шеќерот во прав или исецканите лешници.

Write A Comment