На сите им е познато дека постојат седум светски чуда, но малкумина знаат дека Украина има свои седум туристички чуда.
1. Националниот резерват на историјата и архитектурата на Камјанец

Резерватот има вкупна површина од 121 хектара, влучувајќи ја реката Смотрич, стариот град Камјанецј, како и кањонот Смотрич, мост, комплексот од Стариот и Новиот замок.
Симболот на градот Камјанецј е Старата тврдина изградена во 17. век. Тврдината се состои од 11 кули и секоја од нив има свое име и своја историја. Најголемата кула се вика Папска, затоа што нејзината изградба ја финансирал Римскиот Папа Јулиј Втори. Таа се уште се вика Кармељукова, бидејќи тука три пати бил заробен украинскиот херој Устим Кармељук.
2. Кијевско – Печерска Лавра

Првославното светилиште го изградиле уште во времето на владењето на кнезот Јарослав во 1051 година монасите Антониј и Теодосиј во пештерите.
Во 11. век Лаврата фактички била центар на ширење на христијанството во Киевска Русија. Таа ги преживеала Првата и Втората светска војна, советското атеистичко уништување. Во 1990 година Лаврата е поместена на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО.
3. Хотинската тврдина

Хотин е еден од најстарите градови во Украина. Го основал кнезот Владимир Велики во десеттиот век. Хотин бил еден од заштитните градови во Галичко-Волинското кнежество. Во периодот од 40-50 години од 13-от век дрвените тврдини на Хотин се заменети со камени.
Хотин преживеа многу разурнувања. Денес овој град е еден од најголемите во Чернивецката област. Во хотинската тврдина снимени се многу историски филмови „Ајванхо“, „Захар Беркут“, „Стрелите на Робин Худ“, „Тројцата мускетари“.
4. Паркот „Софијивка“

Вкупната површина на паркот е 154,7 хектари. Паркот се наоѓа на крајот на древниот град Умањ (Черкаската обалст). Паркот го основал во 1796 година богатиот Полјак, Станислав Потоцјки во чест на неговата сопруга, Софија и и го подарил на нејзинот Ден на Ангелот (во Украина не се слави слава, но секој човек го слави ден на светецот чие име тој го носи, што се вика Ден на Ангелот) во мај 1802 година. Софија замислила паркот да биде тематски – паркот има приказни од грчки легенди – тука се лавиринт на Минотаур, Атина со Аполон и паркот на розите. Паркот е отворен за посетители и еднакво е убав во кое било време од годината.
5. Софијскиот сабор

Тоа е едно од најголемите христијански светилишта во Источна Европа, историски центар на Киевската митрополија.
Според хрониката „Повјест времених лит“, Софискиот собор е изграден во 1037 година. Соборот бил центар на животот на Киевските Руси, таму се собирале луѓето за донесување на најважните државни одлуки, се венчавале кнезови, биле прогласении универзалите за независноста на Украина. Соборот претрпел многу тешки историски периоди, но сепак преживеал. Во 1990 година комплексот околу Софискиот манастир е поместен на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.
6. Херсонес Тавријски

Тоа е древна грчка град-држава на територијата на современиот град Севастопољ (Крим).
Херсонес е стар 2.500 години. Остатоците од древниот град Херсонес се поместени на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО. За посетителите се интересни, бидејќи ги враќаат во времето на древна Грција, но во исто време типично грчки мотиви тука на еден хармоничен начин се мешаат со словенски орнаменти и култура.
7. Националниот парк – островот Хортица

Хортица е најголем остров на реката Дњепар. Украинските козаци го избрале како центар за Запорозјку Сич – центар на борбата за независност на украинските територии.
