Актерката Мила Кунис му ја исполнила желбата на американскиот војник и отишла со него на Балот на маринците.
Кунис ја добила поканата од војникот преку ЈуТјуб, на ист начин како и нејзиниот колега Џастин Тимберлејк, кој пак, ја однесе Келси де Сантис на сличен ваков бал.
Мила се појавила на балот во Гринвил, Јужна Каролина во елегантен црн фустан, и без никаков сомнеж им ја разубавила вечерта на војниците.
Актерката која ги воодушеви критичарите со улогата во филмот „Црниот лебед“ и Мур одлично си поминале на балот, кој се одржал по повод 236 години од постоењето на војската.
