ШоуБиз

Шерил Кол – фатално заводлива во мокро издание!

За потребите на едиторијалот кој ќе осамне во списанието „Hunger“ или „Глад“, Шерил Кол  направила посебна фотосесија со познатиот моден фотограф Ранкин. Фотосесијата е невообичаена бидејќи Шерил решила да се облече во нешто поопуштена и погола облека и тоа со морко тело и разбушавена коса.

Во вакво издание, пејачката изгледа позаводливо од било кога. Во пропратното видео, оваа 28-годишна убавица заводливо гледа во објективот на фотоапаратот, а се пресоблекува во неколку различни секси комбинации.

Едноставно речено, Шерил изгледа како тукушто да излегла од под туш. Овој нејзин последен ангажман е вистинско освежување, ако се земе во предвид фактот дека во последниот месец таа воопшто и не се појавуваше во јавност, туку вредно работеше на својот трет музички албум.

httpv://www.youtube.com/watch?v=_7HVdoOSXaQ&

Write A Comment