Според модните гуруа сандалите во овој стил и оваа година ќе го имаат почесното место на секоја шопинг листа за пролет-лето 2016.
Надвор мириса на пролет, иако календарски ни останаа уште неколку недели до нејзиниот официјален почеток. А тоа значи дека веќе треба да почнеме сериозно да размислуваме со што ќе ги замениме нашите омилени чизми и кои ќе ни бидат клучните обувки во нашите комбинации. Што се однесува до нас, ние сме убедени дека римјанките ќе бидат еден од водечките трендови за оваа сезона (како и овие тука), па доколку досега го немате испробано овој тренд, еве шанса да го искористите вистинскиот момент за тоа.





