ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 до 4 големи јаболка
1 шолја сенаменско брашно
1/4 лажичка прашок за пециво
2 лажици шеќер
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка цимет
1 јајаце, матено
1 шолја млеко
масло за пржење
за наросување
1/3 шолја шеќер
2 лажици цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во среден сад додадете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, солта и 1/4 лажичка цимет.
Во мал сад измешајте ги јајцето и млекото.
Во трет сад измешајте го преостанатиот шеќер (1/3 шолја) и 2 лажици цимет, и тргнете ги на страна за наросување.
Излупете ги јаболката и отстранете ја средината. Исечкајте ги на кругови и наседете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на вода.
Измешајте ја мешавината со брашно и мешавината со јајце и млеко, за да добиете единечна смеса.
Загрејте го маслото.
Секој од круговите натопете го во смесата и ставете ги на се пржат, вртејќи ги од двете страни.
Наредете ги испржените јаболка на хартиена салфета, за да се впие вишокот на масло.
