ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 кг свежи пиперки,
* 1 кг свежо кравјо сирење,
* половина праз (само зелениот дел),
* 3-4 моркови,
* 4-5 лажици сенф,
* сол,
* зачини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте ги пиперките и исчистете ги од семето. Користете црвени, жолти, зелени, за да изгледаат поубаво на чинијата.
Избришете ги и наполнете ги со веќе подготвена мешавина од сирење, ситно сецкан праз, рендан морков, сенф и зачини по ваш избор. Ставете ги во загреана рерна 15-на минути за малку да се запече.
Откако добро ќе се изладат, пресечете на парчиња или по должина, декорирајте и сервирајте.
