Геометриски принтови со ретро призвук, туники везени со етно мотиви, шарени палтенца, широки здолништа и прозначни хипи блузи, брендот H&M претстави нова мартовска кампања со која ја продолжува бохо приказната како пример за пролетна мода. Живописните фотографии од кампањатата се направени со манекенките Мика Арганараз и Риан ван Ромпај кои позираат и во лелеави и фустани од тантела, трендовски креации со голи раменици и модни додатоци со реси.








