Она што го прави овој ултра модерен пентхаус толку специфичен и специјален е панорамскиот поглед „360“ што го имате гледано од било која просторија во објектот. Цената од 22 милиони по која се продава, ќе ви ја доближи сликата за каков луксуз станува збор.
Просториите се пространи, со високи тавани и нестандардни пропорции. Има 4 спални соби, исто толку бањи, големи тераси и огромен салон поврзан со дневната и трпезаријата како една делумно сегментирана целина. Во тој простор има дури 3 камини како би се загреала оваа голема површина.











