Sweet Home

Како визуелно да ја зголемите малата спална соба

Секоја од нас сака да има убава, удобна и пространа спална соба каде можеме да се опуштиме по напорниот ден и каде ќе ги заборавиме проблемите.

Доколку имате мала спална соба со вистинскиот декор и распоред на мебелот можете да ја создадете вашата совршена оаза на мирот.

Бидејќи спалната соба е место за интимност, секоја дама бира боја која одговара на нејзиниот карактер.

Дизајнерите советуваат светли и лесни материјали, ова се однесува на тапетите или текстилот за ѕидни облоги и бои. Светлите ѕидови визуелно ќе го зголемат просторот.

Ѕидовите во бледо зелена, боја на нане, транспарентни бои смируваат и опуштаат. Исто така можете да ја обоите во боја на песок, беж, млечно бела и во сите останати нијанси во кои ќе изгледа шик, удобно и топло.

Кога ќе ја бирате бојата послушајте ги вашите емоции и одберете ја онаа со која се чувствувате најпријатно.

Декорирајте ја внатрешноста на собата со убави завеси, прекривки и постелнина кои ќе ги ускладите со бојата на ѕидовите.

Малата спална соба украсете ја со огледала, кои можат да го прошират малиот простор. Но огледалото мора да биде монтирано така да во него се гледа одразот на предметите на кои паѓа светлината. Плафонот исто така може да биде од огледало.

За да го сочувате просторот во спалната соба добра опција е плакар вграден во ѕид.

Вашата спална соба нека биде најмирното место во домот каде можете да се опуштите и да го најдете својот внатрешен мир и хармонија.

 

Write A Comment