За да се заштитиме од бактерии и болести, речиси сите ние имаме по некоја навика за превенција која мислиме дека функционира. Сепак, некои од нив се сосема бесмислени, односно, немаат никаков ефект.
Го задржувате здивот кога некој ќе кивне во ваша близина
Доколку не можете да го задржите здивот долго време, тогаш оваа превентивна мерка нема да ви помогне.
Ќе успеете да ги избегнете бактериите само ако го задржите здивот доста долго и ако се движите во спротивна насока. Кога некој ќе кивне, ситните капки со бактерии можат да одлетаат и до метар и пол подалеку и да се задржат во воздухот некое време.
Ако некој се напие од вашето шише или чаша, ја бришете
Иако поголемиот дел од секретот ќе го избришете, сепак бактериите ќе останат. Ако навистина сакате да го избегнете пиењето од иста чаша или шише заедно со вашиот пријател, тогаш експертите ве советуваат да му кажете на пријателот дека сте настинати.
Типкате на банкомат со ракавици
За почеток, бактериите ќе се префрлат на вашите ракавици па откако ќе се обидете да ги извадите секако ќе ги допрете со рацете, за на крајот да се допрете на лицето. Така бактериите се веќе префрлени кај вас.
Добра вест е тоа што повеќето микроби кои предизвикуваат настинка и грип, изумираат после еден ден, па кога ќе ги соблечете ракавиците, ставете ги на некое суво место за да изумрат бактериите.
Ја прекривате ВЦ даската
Секако дека не сакате да седнете на иста даска на која што претходно седеле многу луѓе. Сепак, седењето на ВЦ даската не го зголемува ризикот од инфекции затоа што тоа се претежно студени површини на кои бактериите тешко преживуваат. Докторот тврди дека многу посигурно е добро да се измијат рацете и да се избегнува допирање на носот, очите и устата.
