Здраво тело

Зошто е здрав ладниот туш?

ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ

Ладниот туш  го зголемува производството на белите крвни зрнца и тка го зајакнува имунитетот. Поради тоа многу е мала веројатноста да добиете некоја прехлада или грип, па дури и некои облици на рак.

ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА

Добрата циркулација е клучна за севкупното здравје. Промената на топла и ладна вода во текот на туширањето ја подобрува циркулацијата бидејќи доаѓа стегање и ширење на крвните жили. Тоа може да спречи хипертензија, да ги стврдне артериите, појавата на проширени вени, и да ви помогне да се чувствувате и да изгледате подобро.

ЈА РЕГУЛИРА ТЕЛЕСНАТА ТЕМПЕРАТУРА

Доколку имате хронично ладни раце и нозе или мислите дека премногу се потите,пробајте со ладен туш.

ГО ПОТТИКНУВА СЛАБЕЕЊЕТО

Го забрзува метаболизмот и го активира согорувањето на масните келии. Ќе приметите дека полесно слабеете, и дека е олеснето растењето и опоравувањето на мускулното ткиво.

ЈА УБЛАЖУВА ДЕПРЕСИЈАТА

Ладната вода ја стимулира “плавата точка” во мозокот и го поттикнува производството на норадреналинот, кој ја ублажува депресијата.

ГО ПОДОБРУВА ДВИЖЕЊЕТО НА ЛИМФАТА

Лимфата ги отфрла отпадните матерјали од ќелиите, а за добар проток на лимфата потребна е контракција на мускулите. Ладниот туш ќе овозможи контракција на целото тело.

ГО ПРОДЛАБОЧУВА ДИШЕЊЕТО

Длабокото дишење помага во борба против стресот и шокот. Го забрзува опоравувањето од исцрпеноста и докажано ја олеснува хроничната опструктивна болест на плуќата. Тоа е болест на пушачите која ја карактеризира намалениот проток на воздух низ дишните патишта .

ГИ ОДРЖУВА ЗДРАВИ КОЖАТА И КОСАТА

Топлата вода ја суши кожата, додека ладната ја затегнува и го поттикнува сјајот на косата. Корисен е и за спречување на проблеми со кожата, како што се акните, и помага при детоксикација.

ЈА ЗГОЛЕМУВА ПЛОДНОСТА

Ладниот туш го поттикнува производството на хормони кои се корисни кога пробувате да забремените.

Сепак, не се препорачува нагла промена во начинот на туширање. Драстичните мерки можат да предизвикаат премногу стрес за вашето тело. Полека прилагодете ја температурата на водата од топла, млака, ладна и многу ладна. Или можете да ја оставите ладната вода за последните 30 секунди од туширањето.

 

Write A Comment