‘Рчењето кај децата не е никаква реткост. Според медицинските податоци измеѓу втората и шестата година од постојано ‘рчење патат околу 9 проценти од децата, а од повремено ‘рчење патат и 30 проценти од малечките.
Меѓутоа, самата причина за ‘рчењето кај децата и возрасните не е ист. Кај возрасните ‘рчењето е предизвикано од вибрациите на ослабените мускули во подрачјето на мекото непце. Кај децата ‘рчењето обично е предизвикано поради проблемите со дишење на нос. Најчесто се работи за зголемени аденоиди, но тоа може да биде и проблеми со носните шуплини, воспаление, полипи во носот, искривена носна преграда. ‘Рчењето може да биде предизвикано и од претерано сувиот воздух во собата. За да се открие вистинската причина потребно е да се посети оториноларинголог.
На лекар
Ако станува збор за зголемена трета мандула, таа може да се отстрани со операција. Но, многу често ‘рчењето се јавува во зима кога во собата има сув воздух, а овој проблем многу е поедноставно да се реши. Погрижете се на некој начин да го навлажните воздухот во станот и во спалната соба – набавете садови за вода за радијатор, ставете влажни пешкири на радијаторите, електричен навлажнувач на воздухот.
Не го одолговлекувајте одењето на лекар, доколку не можете со домашни мерки да постигнете прекин на ‘рчењето или ако не можете да го исчистите носот да биде прооден. Имено, ако детето не може да дише на нос, целиот организам пати. Детето кое е присилено да дише на уста, полесно заболува, воздухот кој го вдишува не се прочистува и не се загрева како што тоа е случај кога проаѓа низ носот. Постојано отворената уста може да влијае и на неправилен развој на черепот, а недостатокот на кислород доведува до тоа, детето потешко да ги впива новите информации и полесно да се заморува.
‘Рчењето може да се појави поради промени во слузницата на носната шуплина, кои настануваат во облик нaалергии на одредени видови на храна, но и на алергените кои се вдишуваат. Алергијата на слузницата се гледа со оток на слузницата, засилена секреција, ослабен проток на воздух. Доколку со преглед се исклучи како причинител зголемената трета мандула, тогаш треба да се направи алерголошко тестирање.
