Cafe Del Mar

Брокула диета: За 10 дена 8 килограми помалку

Оваа диета е дизајнирана за максимално губење на тежината во период од 10 дена. Тие 10 дена се поделени на 5 фази. Секоја фаза трае по 2 дена.

Најдобро е брокулата да се јаде свежа или барена, затоа што така ги задржува сите хранливи состојки. На менито можете да додадете морков, риба, пилешко, посно говедско, маслиново масло, пиперки, домати, јогурт и млеко. Се ова е дозволено, но во ограничени количини. Како ужинка можете да јадете овошје.

Во овие 10 дена пијте повеќе вода, барем по 2 литри во денот,а се дозволува и незасладен чај по неколку пати во денот.

Прв и втор ден

Појадок: 200 грама брокула, свежа или барена, 50 грама р`жан леб, една чаша јогурт или млеко со ниска масленост.

Ручек: 250мл ниско маслена пилешка супа, 150 грама пилешко (варено или печено без масти), 150 грама барена брокула

Вечера: 250грама брокула, свежа или барена, зачинета со лук и малку маслиново масло, 2 моркови ( свежи или барени)

Трет и четврт ден

Појадок: 200 грама брокула и една пиперка, динстани во маслиново масло  и лук.

Ручек: 100 грама туна или варено пилешко, 150 грама брокули, 2 домата

Вечера: Исто како за појадок.

Петти и шести ден

Појадок: 100 грама посна шунка, 100 грама брокули, 1 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек:  200 грама брокули, 100 грама ниско маслена урда, 1 парче р`жан леб.

Вечера: 150 грама посно говедско или телешко месо, 150 грама брокула

Седми и осми ден

Појадок: 100 грама брокули( свежи или барени), 2 варени јајца

Ручек: 250мл пилешка супа, 150 грама пилешко (варено или печено без масти), 150 грама барена брокула

Вечера: 250 грама брокули, 1 чаша сок од домати

Деветти и десетти ден

Појадок: 150 грама брокули (свежи или барени), 2 моркови ( свежи или барени), 1 чаша јогурт или млеко.

Ручек: 150 грама брокули ( свежи или барени), 150 грама риба или пилешко, 1 парче р`жан леб.

Вечера: 200 грама брокули ( свежи или барени), 1 компир варен во кори.

Write A Comment