Дестинации

Совршено летување со фенг шуи совети

Веруваме дека доколку ги испочитувате овие неколку мали тајни на фенг шуи, патувањето и одморот ќе ви бидат многу поубави.

Пред заминување осигурајте се домот да ви остане чист и среден. Тоа што нема да бидете дома не значи дека не сте енергетски поврзани со својот животен простор. Ако го оставите домот во хаос тоа може да предизвика проблеми со хотелската резервација или собата, доцнење на превозот и други слични непријатни ситуации.

Немојте да ги заборавите своите билки, замолете некој да ги наводнува додека сте на одмор.

Немојте да земате непотребни работи, се сместете во една торба. Ако ги минимизирате нештата ќе избегнете цел куп непотребни нервози и товар. Одите да земете нова енергија и никако не во треба истрошената енергија од дома да ја носите со вас.

Најдобро е да понесете неколку парчиња облека кои лесно можете да ги комбинирате и пар добри обувки со кои ќе можете удобно да пешачите.

Колку помалку се грижите за гардеробата толку повеќе ќе уживате во новото опкружување.

sovrseno letuvanje so feng sui 01

Резервирајте соба која е подалеку од лифтови, скали и надворешна бучава.

Ако мебелот во собата во која ќе спиете е со остри агли свртени кон вашиот кревет, направете преместување. Пожелно е да се избегне кревет кој гледа директно на влезот на собата.

Понесете со себе миризлива свеќа или ароматично масло за релаксација. Исто така убаво би било да носите голема лесна марама со која ќе го прекриете телевизорот, огледалото или острите рабови на мебелот околу вас.

Според филозофијата на фенг шуи, вратата од тоалетот и капакот на тоалетот мораат да бидат затворени. На тој начин спречувате да истекуваат енергијата и парите, а ја чувате среќата и благосостојбата.

sovrseno letuvanje so feng sui 02

Write A Comment