Главоболката е најчеста тегоба на модерниот човек која ја предизвикуваат стресот, заморот, преоптовареноста на организмот. Неиздржливиот притисок во главата многумина имаат навика да си го олеснат со таблетка аспирин. А токму главната состојка на овој лек, салицинот кој ги смирува болките, се наоѓа во бадемите кои се вистински природен аспирин, нивното дејство подолго трае, а несакани реакции – нема.
Главоболката обично се јавува во темето и предизвикува послаба концентрација, раздразливост и малаксаност. Со оглед на тоа што симптоми на главоболката најчесто се стресот, напнатоста, грипот, настинката, воспалението на синуси и проблеми со варењето, стручњаците оваа непријатна појава ја третираат како симптом, а не како болест.
Токму затоа голем број луѓе го бараат решението во алтернативните методи како медитација, пиење течности, релаксација, но и во и храната. Имено, аспиринот, најчесто употребуваната таблета против главоболка, еднакво делотворно може да биде заменета со една рака бадеми.
Салицинот е противвоспалителна активна материја која бадемот ја содржи во големи количини, а со оглед на делотворноста што ја има во отстранувањето на болките, многумина го нарекуваат и природен аспирин. Освен тоа, бадемите содржат многу магнезиум кој е важен за подобар проток на кислород и нутриенти во организмот што помага мускулите да се опуштат и да се намали раздразливоста.
Една рака бадеми, поточно, 10-12 дневно, ја ублажуваат и ја спречуваат главоболката, а можете да ги јадете сирови или натопени преку ноќ во вода а потоа додадени во оброк.
