Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди.
Иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.
За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести.
Затоа, најдобро е сами да си направите домашен дезодоранс со одбрани состојки:
- ½ шолја сода бикарбона
- ½ шолја пченкарен скроб
- ½ шолја кокосово масло
- 20 капки етерично масло по избор
- Тегличка за смесата, која е стерилизирана и сува.
Подготовка:
Помешајте ја сода бикарбоната и пченкарниот скроб во мал сад. Полека додавајте го стопеното кокосово масло, мешајќи додека смесата не стане погуста од паста, слична како лепило.
Додајте етерично масло по желба и добро промешајте. Ставете ја смесата во стерилизираната тегличка и оставете ја во фрижидер околу 1 час додека не се стврдне. Чувајте го домашниот дезодоранс на студено и суво место и нанесувајте секојдневно по малку под пазувите.
