Мода

Овој модел на сукња мора да го имате оваа пролет!

Шеесеттите години ни се враќаат на голема врата и ни ги нудат своите најпопуларни модели во обновени и подобрени изданија.

Па така и во текот на пролетта и летото 2016 ќе имаме можност да уживаме во фустани, а особено во ретро сукњи со А крој.

Сукњите со овој крој владееја во 60-те и се идеален избор скоро за сите прилики. Иако се кратки, сукњите од овој крој не се провокативни и можат да изгледаат многу елегантно. Одлично ги прекриваат широките колкови или вишокот на горниот дел од нозете, па затоа овие модели добро им прилегаат на сите дами.

Доколку се одлучите оваа пролет да облечете ваква сукња, потрудете се да го изберете вистинскиот модел. Модните експерти советуваат да не изберете премногу долг модел и да ја комбинирате со штикли, патики и мокасинки.

a kroj suknja 01

a kroj suknja 02

a kroj suknja 03

Write A Comment