Cafe Del Mar

Вежба за совршен задник

Многу дами му се воодушевуваат на задникот на Џенифер Лопез, а сите девојки и жени кои сакаат облини постојано се во потрага по идеалната вежба со која можат да постигнат изглед како тој на Џеј Ло.

Дејвид Кирш, тренерот на популарната дива открива вежба која ако ја изведувате три пати неделно за релативно краток период ќе забележите резултати.

Како се изведува оваа вежба:

1. Раширете ги нозете на ниво на колковите.
2. Подигнете ја десната нога и од коленото ротирајте ја кон десно.
3. Спуштете ја ногата малку подесно од почетната положба и веднаш штом ја спуштите чучнете во положба на сумо борач.
4. Кога ќе се дигнете од чучнатата положба подигнете ја десната нога и направете удар кон напред.

vezba za sovrsen zadnik 01

Вежбата изведувајте ја една по друга нога и тоа од 15 до 20 повторувања без да сопрете, во два до три сета.

Тренерот вели дека оваа вежба не е само добра за убаво обликуван и подигнат задник туку и за колковите и обликување на целиот долен дел на телото.

 

Write A Comment