Дестинации

Најголемата цветна градина во светот

Чудесната градина во Дубаи е најголемата цветна градина во светот. Таа се наоѓа во северо-западниот квадрант во Arabian Ranches долж Shiekh Mohammad Bin Zayed патот.

Оваа неверојатна туристичка дестинација има и свое место во Гинисовата книга на рекорди за најголема вертикална градина.

Во цветната градина која го добила името “чудесна градина”, цветаат повеќе од 45 милиони цвеќиња со неверојатни дизајни, форми и структури, како и прекрасни комбинации на бои на сите 45 милиони цветови.

Во склоп на градината има обезбеден паркинг простор, вип паркинг, паркинг за хендикепирани лица, области за одмор, тоалети, безбедносни соби, соба за прва помош, киосци и слични олеснителни поволности за сите посетители.

На фотографиите подолу може да видите како изгледа чудесната градина во Дубаи, која ви ја препорачуваме да ја посетите.

Таа е достапна од 10:oo до 22:oo часот во работни денови и до полноќ за време на викенди и празници.

dubai-gradina2

dubai-gradina3

dubai-gradina4

dubai-gradina5

dubai-gradina6

dubai-gradina7

dubai-gradina8

dubai-gradina9

Write A Comment