Sweet Home

Камена куќа со модерен дизајн

Камена куќа во едно историско село во Швајцарија е реновирана во модерен дизајн, при што на градбата и е подарен нов живот и софистицираност, но се задржани нејзините оригинални карактеристики.

Природниот камен е преубаво модернизиран со големи прозорци што овозможуваат влез на многу светлина во внатрешноста.

На приземјето се наоѓа  просторот за дневен престој, а на двата ката над него се сместени трепезаријата, кујната и спалните соби.

Во дневната соба доминира каминот од сиров челик, кој придонесува за релаксирачка атмосвера во тој дел од куќата.

Архитектите изградиле нов дрвен покрив, кој е во баланс со севкупниот дизајн  и е во согласност со основната структура на градбата.

Оваа храбра и минималистичка куќа со површина од 116 метри квадратни, претставува модерен сон во кој е оживеано минатото.

Write A Comment