Дефиниција
Одењето на прсти или на испупчениот дел од стапалото (познато како одење на прсти), е прилично често кај децата кои штотуку проодуваат.
Повеќето деца го надрастуваат одењето на прсти.
Децата што продолжуваат да одат на прсти после бебешката возраст честопати тоа го прават од навика.
Сé додека детето расте и се развива нормално, одењето на прсти не би требало да биде причина за загриженост.
Одењето на прсти понекогаш е резултат на мозочна парализа, мускулна дистрофија или други општи заболувања на нервите и мускулите.
Децата со аутизам исто така може да одат на прсти или на перничињата од стапалото, но многу од нив и не одат така.
Симптомите
Кога да посетите лекар
Спомнете го одењето на прсти на следната контрола кај лекарот.
Закажете што поскоро преглед ако одењето на прсти е проследено со стегнати мускули на нозете или со недостаток од мускулна координација.
Причините
Обично одењето на прсти е обична навика која се развива кога детето учи да оди. Во помалку случаи тоа е предизвикано од некоја скриена причина, како што е:
Кратка Ахилова пета.Оваа тетива ги поврзува долните мускули од ногата со задниот дел од коската на петата. Ако е кратка, може да ја спречи петата да го допира подот.
Мозочна парализа.Тоа е пореметување на движењето, тонусот на мускулите или држењето, кое е предизвикано од повреда или неправилен развиток во незрелиот мозок, најчесто пред раѓањето или околу самото раѓање.
Мускулна дистрофија.Одењето на прсти понекогаш се појавува во мускулната дистрофија, генетска болест во која мускулните влакна се невообичаено многу подложни на оштетувања и слабеење со текот на времето.
Оваа дијагноза е веројатна, ако детето на почетокот одело нормално, а потоа почнало да оди на прсти.
Аутизам.И одењето на прсти е поврзано со аутизмот. Тоа е комплексна група на пореметувања која ја погодува способноста на детето да комуницира и реагира со други луѓе околу себе.
Ризик фактори
Одењето на прсти од навика, исто така е познато како идиопатско одење на прсти, кое понекогаш го има во некои семејства.
Компликации
Упорното одење на прсти може да го зголеми ризикот од паѓање.
Оваа содржина е препорачана од Mayo Clinic- врвна клиника во САД
