Sweet Home

Уникатен и несекојдневен ентериер

Современите стилови како по некоја матрица, во својата композитност почнуваат да употребуваат и елементи од стилови кои се од минатото. Токму ваков пример е овој стан кој се наоѓа во Париз и е дело на еден познат париски дизајнер на ентериери.

Впечатлив и несекојдневен ентериер, во кој истовремено се употребуваат ултрамодерни елементи во комбинација со дрвени површини, бордури на аглите каде се спојуваат ѕидните и плафонските површини, како и ѕидни тапети во арт деко стил. Освен тоа, во овој ентериер се впечатливи и чистите и јасни модернистички и минималистички линии на дел од мебелот, како седечката аголна гарнитура во дневната соба и делови од останатиот мебел.

Како за потсетување, арт деко стилот е изразито користен и е настанат во Франција пред да стане и меѓународно популарен помеѓу 1920 и 1940 година.

Сепак, неговите детали имаа влијание и во модерниот дизајн на ентериери, особено на оние дизајнери кои сакаат да ги мешаат стиловите и со мешавина на стари и нови стилови да добијат интересен финален продукт, кој сепак е во одредена мера и дискутабилен.

1-art-deko-apartman

2-art-deko-apartman

3-art-deko-apartman

4-art-deko-apartman

5-art-deko-apartman

6-art-deko-apartman

7-art-deko-apartman

8-art-deko-apartman

9-art-deko-apartman

10-art-deko-apartman

11-art-deko-apartman

12-art-deko-apartman

 

Write A Comment