Cafe Del Mar

10 најопасни митови за диетите

Да не Ве разочаруваме, но диетите кои секојдневно се тема меѓу Вас и пријателките…се далеку од вистината. Ако вагата никако не сака да ги смени оние исти цифри – Вие дефинитивно сте една од жртвите на митовите за диети.

Замена на оброкот со сок:  Замената и не е баш најсјајната идеја како што мислите. Овошниот сок е микс од фруктоза ( 70 %), гликоза (30 %)…а при борењето на организмот со шеќерот, се произведува повеќе инсулин, што преставува оптеретување за организмот.

Исклучување на мастите:  Голема грешка …Мастите најмногу заситуваат и нивното целосно исклучување води до чести кризи и глад.

Скробот и житариците- основа на секој оброк:  И тука е зголемено производството на инсулин заради внесениот шеќер….Едноставно, овошјето и зеленчукот би биле подобра алтернатива.

Производите без масти- „совршени за диета“ : Тоа е само трик на производната индустрија да етикетира одредени производи како „диетални“…Забораваат да споменат дека во составот има шеќер…и тоа само колку…

Пет овошки дневно: И овошјето е виновник за качените килограми, кога се зема во поголеми количини…Подобро- балансирана исхрана

Авокадото е фактор за повеќе килограми : Да, има масти но не од оние лошите. Тие немаат влијание на холестеролот и шеќерот во крвта.

Важно е што јадете, не кога: И те како голема грешка…Обилен појадок, умерен ручек, здрава попладневна ужина и минимална вечера е најдобар план.

Јаболковиот оцет топи масти :…или пак ја оштетува слузокожата на желудникот ?

Житариците за појадок- пат до совршена линија:  Да, се додека во скоро време килограмите не ви се вратат како бумеранг.

Пуканките се диетални ?  И тука не сте во право…Се што содржи рафиниран скроб, води кон повеќе килограми.

Write A Comment