Мода

Напред кратко, назад долго!

Се врати трендот “напред кратко, назад долго” , се однесува само на облека а не на фрузарата. Комбинација на шишки и кратки странични делови и коса до раменици, остана, имиџ на 80 тите.

Во светот на модата моментално, владее овој тренд. Било да се работи за здолништа, фустани – карактеристиката на овие модели е асиметричниот крој, а некои и ги нарекуваат “ high – low”, фустани. Без разлика како се викаат : ништо не го менува фактот дека се напред кратки-назад долги, овие фустани. Постојат разлики само во одделеноста помеѓу парчињата од ткаенината. Понекогаш помала понекогаш поголема, раздалеченост.

Што се однесува на понудата и на достапноста на овие фустани: изборот е огромен, без разлика на бојата, дали е потемна или посветла, пастелни или јаки бои…

За овие модели, одговараат различни модели на чевли: чевлите со висока пета  на овие фустани им даваат елеганција.

Со рамни сандали, или балетанки тие ни даваат casual изглед. Спортски изглед добивате со балетанки. Ваквите фустани кои имаат рамен крој, можете да ги носите со ремен. Нозете на овие фустани се во центарот на вниманието. Доколку сте негувани и благо исончани, тогаш на овој изглед му се дава нота која предизвикува внимание.

 

Write A Comment