Иако ќе кажете дека се уште не е време за сезонско средување, сигурни сме дека по празничните попусти нештата ви излегоа од контрола кога е во прашање вашиот плакар.
На сите ни е јасно колку е добро чувството кога ќе го облечеме за прв пат новиот џемпер или фармерки, но да бидеме искрени дали во плакарот навистина ви се потребни панталоните кои ги носевте последен пат пред четири години?
Затоа никогаш не е премногу рано да направиме место во плакарот за новите парчиња и за оние кои навистина ги носиме.
Во прилог издвоивме прекрасни гардеробери, но и алтернативен начин на организирање на облеката кои се надевам дека ќе ве инспирираат и вие истото да го направите.













