Дестинации

Норвешка бајка: Рибарското село Рејне

Рејне е мало рибарско село, сокриено во крајбрежјето на островот Москенесеј во Норвешка. Иако во 2005-та година тоа броело само 342 жители, сепак, претставува мошне важна гранка за туризмот на оваа земја. И покрај неговата „зафрлена местоположба, секоја година местото е посетено од илјадници љубопитни туристи. Причина за ова се магичните природни убавини со кои Рејне изобилува, едноставните колоритни куќарки, и бајковит амбиент. Прекрасните зелено-сини пејзажи се причина што селото Рејне во 1970-те години беше одбрано од страна на списанието „Allers“ за најубаво село во Норвешка.

Reine_panoramic_Lofoten

 

Write A Comment