Холивудскиот актер Мики Рурк признава дека го фатила депресија кога сфатил дека не изгледа така добро како што изгледал во младоста. Сестраниот актер, боксер и сценарист во последниве години го нема на врвот на холивудските листи. Последен пат кога се најде на врвот беше во 2008 година, за улогата во филмот „Борач“ за која беше номиниран и за Оскар.
– Ме вознемирува кога гледам свои постари филмови. Порано изгледав далеку подобро. Ужасно е да се видиш како си пропаднал. Го гледав својот филм „Чудотворец“ од 1997 година во еден хотел и си помислив „Колку добро изгледам во овој филм.“ Тогаш паднав во депресија, – вели Рурк, кој иако е незадоволен од својот изглед, секогаш има полни раце работа.
Во кината моментално се прикажува филмот „Бесмртници“ каде Рурк го глуми кралот Хиперион, а се подготвува и за улогата на рагби ѕвездата Гарет Томас.
– Има тука многу работа. Во Лондон запознав неколку рагби играчи со кои се борев на рака. Ми требаат уште шест месеци тренинг. Можно е да имам проблем со мојот велшки нагласок.
