Motherhood

Дознајте што се случува во мозокот на тинејџерите (Видео)

Непредвидливото и понекогаш неразбирливо однесување на тинејџерите е неоткриена мистерија, особено за родителите. Генерации на родителите се обидувале да ја сфатат причината за однесувањето на своите деца. Хормоните? Музика? Досада? Дроги? Зошто тинејџерите се однесуваат на начинот на којшто се однесуваат?

post cover photo

Научниците се уште прават различни истражувања преку кои би можеле да најдат индикатори за однесувањето на тинејџерите. Нивните откритија би можеле да го сменат начинот на кој збунетите родители ги воспитуваат децата, но и начинот на кој учителите го предаваат знаењето.

Но, што знаеме досега? Овие две интересни видеа зборуваат токму за тоа што тинејџерите се толку раздразливи и со променливо расположение, и веруваме дека секој родител, па и самите тинејџери, би требало да ги погледнат. Иако тинејџерите ретко се согласуваат со своите родители (= бунтовноста и проблемите со авторитетот), сепак се покажува дека токму таа врска родител дете во голема мера влијае на нивниот понатамошен развој. Па подобро научете нешто повеќе за своето дете отколку да го уверувате дека нешто со него не е во ред, или да ги препишувате сите нешта кои не ги разбирате на неговите тинејџ „фази“.

Write A Comment