Sweet Home

Интересен дом во Истанбул

Дизајнерското студио за ентериери Ofist со седиште во Истанбул дизајнираше пентхаус на горниот кат од стогодишна историска зграда на улицата Beyoglu во Истанбул.

Овој „бел дом“ е дизајниран за британка која работи во текстилната индустрија, а која е заљубена во погледот што го овозможува пентхаусот и ужива во својот дом исполнет со светлина. Главната цел на архитектите билa креирање на светол, отворен и свеж простор кој овозможува приватна и пријатна атмосфера наспроти метежот и вревата во овој дел од градот.

Просторот на ентериерот во целост е реализиран со дабов паркет и бело насликани дрвени тавани како и железно врамени прозорци кои воопшто не го нарушуваат погледот кон надвор. Еден од ѕидовите е дизајниран како библиотека до таванот. Tенките, метални и спирални скали водат до терасата што се наоѓа на врвот од покривот со поглед на Златниот Рог, а тие овозможуваат пристап и до горните рафтови од библиотеката.

Металните површини на скалите се украсени со перфорирани форми на лисја и ги симболизираат лисјата на исечените дрвја, што резултираше со познатите протести во паркот Гези во Таксим, минатата година.

penthaus vo istanbul_6

penthaus vo istanbul_1

penthaus vo istanbul_3

penthaus vo istanbul_5

penthaus vo istanbul_4

 

Write A Comment