Новости

Заводникот на самиот почеток: Како изгледале првите состаноци на Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, денес е славен заводник по кој лудуваат милион жени ширум светот.  Дека постепено се развивал во светски плејбој кој девојките ги заведува со скапоцени подароци и гламурозни гестови, посведочила и британската актерка, Џема Аткинсон, која со фудбалската ѕвезда се забавувала пред седум години.

Актерката Џема Аткинсон, која славата ја стекна во серијта „Hollyoaks“ открила дека првиот состанок со Роналдо бил премногу обичен.

– Беше гламурозно, но баш гламурозно. Отидовме кај мене, пиевме чај и гледавме една телевизиска серија – изјавила актерката која со Роналдо се забавувала се до моментот кога таблоидите откриле дека фудбалерот користи услуги на проститутки.

– Не знам дали се уште заведува девојки на тој начин, но тогаш уживаше во серијата и во шолјата чај – вели поранешната девојка на фудбалерот.

Write A Comment