Оваа прекрасна локација совршено се вклопува во модерниот дизајн на едно модно студио од Мексико. Тие се одлучиле за елементи и гарнитури кои станот го претставуваат во нежни нијанси и бои, односно боите на каменот и песокта.
Станот е поделен во два дела. Едниот е наменет за дружење и забава со пријателите, додека другиот е приватен простор. Во првиот се наоѓа дневна соба, преубаво декорирана и модерно опремена кујна, додека во другиот е спалната соба.
Првиот дел гледа на прекрасна тараса , која е совршена за забави и уживање додека сонцето заоѓа.











