Освен што се непријатни и досадни, комарците може да бидат неверојатно штетни и да пренесуваат разни заразни болести. Повеќето конвенционални препарати за заштита од овие инсекти се спрејови и разни свеќи, кои во себе содржат хемикалии и можат да им штетат на чувствителните лица. Всушност, DEET – активната состојка во повеќето аеросолни спрејови, е отровна ако се вдиши и ако навлезе во кожата бидејќи може да продре и во крвотокот.
Од друга страна, пак, масовното производство на citronella-свеќите емитираат токсични супстанции при горењето, меѓу кои и супастанцијата формалдехид. Затоа, за да немате проблем ова лето со комарците, запишете си го овој рецепт и навремено снабдете се со потребните состојки за да направите природен репелент.
Потребни состојки:
- 4 стаклени тегли
- Етерично масло од кедрово дрво, лаванда или лимон.
- 2 свежи лимони
- 2 свежи лимети
- 8 гранчиња свеж рузмарин
- филтрирана вода
- Пловечки Пчелин восок (или пловки за кандило)
Подготвување:
- Лимоните и лиметите исечкајте ги ситно, па ставете ги настрана.
- Ставете по две гранчиња свеж рузмарин во секоја тегла, па дополнете ја со ¾ вода.
- Додадете по 10 капки етерично масло по избор.
- Поделете го лимонот на четири дела и распородете го во секоја тегла.
- Додадете вода во теглата, оставајќи малку простор за пловката.
- Запалете ги свеќичките.
- Заменувајте ги плодовите на секои 2-3 дена.
