Многу е важно да се поврзете со ќерката и да и дадете до знаење дека секогаш ќе бидете тука за неа. Следните забавни работи ќе ви пружат сјајна прилика да се зближите со вашата тинејџерка.
1. Шопинг
Сите девојчиња сакаат да одат на шопинг. Тоа е најдобрата работа која може да ја направите со вашата ќерка тинејџер, а во која и двете ќе уживате.
2. На кафе
Вашата ќерка ќе ужива во вашето заедничко кафе бидејќи ќе се чувствува возрасно додека го пие овој напиток, а за неа тоа ќе остане како убаво сеќавање. Одење на кафе е одличен начин да се зближите.
3. Гледајте филм кој таа сака да го гледа
Забавно е да го гледате светот од очите на вашата ќерка тинејџер. Веројатно таа нема да одбере филм кој вие сакате да го гледате, но подобро ќе го запознаете нејзиниот свет и интереси.
4. Подгответе нешто заедно
Вашата тинејџерка е во тие години кога е љубопитна да научи нови нешта. Искористете го тоа за заедно да подготвите нешто или да испечете колачи. Таа ќе ужива, исто колку и вие.
5. Разговарајте
Одвојте време да разговарате со вашата ќерка. Многу е важно таа да се чувствува слободна за да ви се отвори и да има доверба во вас за да ви каже било што.
6. Одете на педикир
Вашата ќерка ќе ужива во кралски третман и ќе се чувствува возрасно, а поради тоа и повеќе ќе ве сака.
