Здраво тело

Тест на дишење кој може да открие рак на дојката за 10 минути

Мамографијата наскоро може да ја замени нов и безболен метод за тестирање на рак на дојката, според “Дјели мејл”. Тестот на дишење “The BreathLink” за десет минути реагира на туморските клетки.

Жените треба две минути да дишат во апаратот кој потоа седум до осум минути го анализира нивото на хемикалии во здивот и покажува дали постојат знаци на рак на дојката или не.

Овој начин на тестирање  е подеднакво прецизен како и како и рендгенските зраци кои се користат во вообичаеното тестирање. Научниците сметаат дека овој тест може да ја намали непотребната изложеност на опасното зрачење и болната мамографија. Покрај тоа, тестот доби одобрение од Европската комисија и веќе се продава во Европа.

“Резултатите од истражувањето потврдија дека доколку резултатот на дишење е негативен, веројатноста жената да нема рак на дојката изнесува 99,9 отсто. Предноста е во тоа што жените не мора да одат на мамографија и да се изложуваат на рендгенските зраци без потреба”, тврди изумителот на тестот д-р Мајкл Филипс.

Write A Comment