Мојата кујна

Полнети печени компири

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици маслиново масло

150 g  сецкана сланина

4 чешниња сецкан лук

½ лажиче мелен црн пипер

½ шолја бело вино

4 жолчки и четири јајца

1 шолја рендано пекорино сирење

1 шолја рендан пармезан

4 големи печени компири

3-4 лажици сецкан магдонос

3 лажици стопен путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте го маслото на средно висока температура, додајте ја сланината и пржете 2-3 минути. Потоа, додајте ги лукот и црниот пипер и мешајте уште 1 минута.  Ставете го виното и гответе се додека не останат 2-3 лажици течност во тавата, а потоа тргнете ја од огнот.

Сварете ги жолчките на пареа.

Пресечете ја горната третина од печените компири, отстранете ја внатрешноста и ставете ја  во подлабока чинија. Во неа додајте ги жолчките, сланината, половина од сирењето и магдоносот.  Наполнете ги компирите со смесата и премачкајте ги со малку стопен путер. Одозгора ставете го остатокот од сирењето. Наредете ги полнетите компири во тава и печете ги додека не добијат црвеникава боја. Извадете ги и врз секој компир ставете по едно јајце. Вратете ја тавата во рерната и испечете ги јајцата. Може да се сервира со топка павлака врз секој компир.

Write A Comment