Бодрум е местото кое секогаш не изненадува, понекогаш е скромно и мирно, а понекогаш брзо и незапирливо, слободно. Бодрум го претставуваат сонцето, морето и историјата. Најкратко кажано, Бодрум е место каде секој може да биде среќен на свој начин, и секој може да ја види својата верзија на градот. Некои живеат во скромни и мирен тивок живот, додека други го живеат со полни плуќа. Овој град е магична дестинација која содржи елементи на многу култури и претставува интернационално место за опуштање. Тука дождот врне различно и изгревањето и заоѓањето на сонцето е нешто специјално. Ни ветерот тука не е обичен, дури и морето мириса различно. Тука градот е со гласен ноќен живот и е најубавото и најскреното дете на мајка природа.












