Motherhood

Правила кои секоја мајка која има син треба да ги знае

Мајката е најважната жена во животот на синот. Таа е неговиот учител и личност од која ќе бара совети цел свој живот.

Од таа причина американската новинарка Табита Студер, која е мајка на два сина собирала совети од други мајки кои имале синови се со цел да им помогне на сите новопечени мајки…

1. Сакајте го, многу…сакајте го, гушкајте го и бакнувајте го колку што можете повеќе.
Бакнежите и допирите се важни за развојот на детето, а тоа најмногу ќе дојде до израз кога вашето бебе ќе стане маж кој не се плаши да ги покаже чувствата.

2. Научете го да помага по дома…ако ве набљудува додека ги извршувате домашните обврски дозволете му да учествува во нив. Објаснете му што прави и обидете се симболично дел да префрлите на него.
Кога ќе потпорасне тоа веќе нема да му биде забавно, но бидете истрајна за да му прејде во навика. Кога ќе порасне ќе ви биде благодарен.

3. Дозволете му да се извалка и да ја скине облеката…момчињата се разиграни  и често бесни што доведува до мали незгоди како искинати панталони и слично.
Со нервирање и карање нема ништо да постигнете.

4. Покажете му примери на добри мажи…од самото раѓање ќе биде опкружен со мускулести ликови под маски од цртаните филмови.
Погрижете се да му ги доближите ликовите кои “растураат“ но не со физичката сила туку со својата глава.

5. Покажете му примери на добри жени…сликите на прекрасните девојки од магазините и каталозите се нешто со што децата растат.
Но освен тој поглед на припадничките на спротивниот пол погрижете се дознае и за жените кои на листата на славни се нашле поради својот талент, знаење, упорност и ставови.

6. Научете го на убаво однесување…децата впиваат информации како сунѓер. Затоа научете го јаде културно, покажете му што значи да биде пристоен со постарите, со послабите и со девојчињата.

7. Развијте ја неговата нежна страна…за разлика од девојчињата, момчињата не сакаат да ги покажуваат своите чувства, а тој природен инстинкт ја прикрива нивната нежна страна.
Тука на сцената настапувате вие. Покажете му и објаснете му што значи нежност и дозволете му сам да ја почувствува и искаже спрема бебињата, животните, растенијата но и спрема другите деца и возрасните.

8. Дружете се со него и надвор од домот…покажете му дека сте супер мајка која го разбира во секој поглед па така и во “машките“ активности.

9. Дозволете му да го почувствува поразот…поразот е дел од животот и колку порано тоа вашиот син го сфати толку помалку подоцна ќе биде разочаран.

10. Вклучете се во неговиот живот и надвор од домот…обидете се да се вклучите во нештата кои го интересираат и во кои ужива.
Ако се занимава со спорт следете ги неговите натпревари, успеси и неуспеси.
Кога ќе почне да излегува дознајте кои се неговите пријатели или пак запознајте се со неговата симпатија…

Write A Comment