Без оглед колку спиете, Ви се случува во текот на денот да заспиете во незгодно време: додека гледате филм, на работа и апсолутно, најлошо од сé, додека возите…
Сте пробале безброј трикови но ништо не успева ???
Никаква количина кафе не може да Ве разбуди, а изгледа веќе и енергетските пијалаци не делуваат на Вас? Значи, што е следното што треба да го направите кога ќе Ве фати уште еден напад на спиење, а дремката не е опција???
1. Помирисајте масло од пеперминт – Тоа би бил очигледен метод бидејќи ова етерично масло делува како некој вид миризлива сол. Добра работа е фактот дека позитивно влијае на расположението.
2.Џвакајте мраз – Претпоставка е дека тешко можете да заспиете доколку во устата нешто гласно Ви се дроби, а притоа Ви мрзнат забите и непцето.
3.Пробајте со акупресура– Директното третирање или притискање на одредени точки на телото како што се ушните школки, задната страна на листовите ( 2 сантиметри под колената ) и внатрешната страна на дланките, помеѓу палецот и показалецот, може да Ве држат будни.
4.Направете неколку длабоки јога вдишувања – Вашиот мозок е уморен бидејќи Ви е потребно повеќе кислород. Вдишете и издишете неколку пати преку нос, вовлекувајќи го стомакот со секое вдишување/ издишување. Секако, ова би било подобро кога би го извеле на свеж воздух.
