Sweet Home

5 трендови за дизајн кои ќе бидат популарни во 2016

2016-тата е на самиот почеток, и дознавме кои се трендовите за убавина кои ќе бидат популарни годинава, но кои ќе бидат трендовите актуелни во дизајнот на ентериер?

post cover photo

Модерен металик

Ѕвезди во 2016 година, исто како и во шминката и облеката, ќе бидат металик боите. Тие имаат способност да дадат софистициран и гламурозен акцент на секој простор – и не е тешко да се види зошто. Без разлика дали ќе вметнете допир на елеганција со сребрена или хром, или ќе ја стоплите просторијата со златна, розово-златна или бакарна, овој тренд можете да го комбинирате со многу други.

Клучната разлика помеѓу металик трендот годинава и металик трендовите претходно е флексибилноста да се комбинираат меѓусебно. Можете да искористите еден тип на метал како главен фокус, а друг тип како акцент на одредени детали.

Одржлив дизајн

Светските трендови отсекогаш влијаеле врз дизајнот, па оваа година можеме да очекуваме голема заинтересираност за еколошките ентериери. Исто како одржливоста во архитектурата, која ги спојува формата и функцијата, и елементите кои се дел од ентериерот треба не само да изгледаат добро, туку и да се добро изработени и да го минимизираат негативното влијание врз животната средина.

Вметнувањето природни материјали во вашиот ентериер, како дрво или камен, е едноставен начин да ја постигнете оваа цел. Ако е можно, вклучете рачно изработени производи. Освен што помалку ја загадуваат околината при нивната изработка, рачно изработените производи често имаат подолг животен век.

„Природни“ дезени

Терминот можеби звучи нејасно, но се мисли на дезени кои „ја копираат“ природата. Декорациите инспирирани од растенијата, како и цветниот и животинскиот принт, годинава се враќаат на голема врата. Како и со секој принт, малку е доволно за да се постигне голем ефект – особено кога станува збор за овие храбри и впечатливи принтови.

Наместо да ја обложите цела соба со некој комплициран дезен, одберете едно или две парчиња кои ќе бидат во фокусот на просторот. За да ги направите овие парчиња помодерни, принтовите нека бидат во боја поразлична од нивната природна.

Шик геометрија

Ако сакате визуелно да ја разиграте собата, најдобриот начин да го постигнете ова е со додавање неколку геометриски форми. Неодамнешниот интерес за овој дизајн е продолжение на трендот инспириран од 70-тите кој беше актуелен претходната година.

Добрата работа околу овој тренд е тоа што може лесно да се приклучи кон било кој друг дизајн. Оние кои сакаат да постигнат ултра модерен изглед можат да додадат мебел или украси во разни геометриски форми, а за потрадиционален изглед, распоредете ги плочките во геометриска форма или вметнете прекривка со ваков дезен.

Храбра сина

Секоја година има своја боја која е популарна, а 2016-тата не е исклучок. Храбрите, интензивни нијанси на сина како кобалтна, морнарско сина и кралско сина се боите кои ќе сакате да ги вметнете во вашиот ентериер оваа година. Има многу начини како да го направите тоа, во зависност колку интензивна сакате да биде бојата.

Оние коишто сакаат да создадат навистина интимна и опуштена атмосфера, можат да ги бојадисаат ѕидовите во сино, или да ги осветлат кујнските елементи со оваа боја. Доколку не сте толку храбри, додадете сини акценти преку парче мебел или декорација за да го освежите просторот без премногу експериментирање.

Write A Comment